Димензии: 25 cm × 6.5 cm x 12.5 cm
Тежина: 510 g
Поврзување: USB-A
Компатибилен оперативен систем: Windows®10 / 8.1
Потребен систем: USB порта, интернет конекција
Компатибилност: само со XInput игри и не поддржува DirectInput. Потребна е интернет-врска за ажурирање на Nintendo Switch или инсталирање на XInput драјверот на компјутер.
Flex контролерот може да се користи и за играње на компјутер со Windows 10. Nintendo Switch мора да биде во неговата приклучна станица за да се овозможи поврзување на контролерот Flex.
Со овој контролер може да се користат сите прекинувачи со приклучок од 3.5 mm – како што се копчињата Smoothie, како и Optima џојстикот.
Бесплатната апликацијата за контролерот Flex Controller Settings за Windows овозможува конфигурирање на секој прекинувач и џојстик, вклучувајќи нови поставки како интервал со двојно притискање, игнорирање на период на повторено притискање за корисници со треперење, ориентација и чувствителност за џојстиците. Откако ќе се програмираат сите потребни поставки, тие може да се зачуваат во еден од 12-те профили (6 за Nintendo Switch и 6 за компјутер) и да се отповикаат по потреба.
Flex контролерот може да се користи и со уреди кои што го следат движењето на очите и главата за дополнително олеснување при играњето (поддржано од апликацијата Flex Controller Eye-tracker). Може да се игра или на самиот компјутер или на приклучен Nintendo Switch, при што и на двете им е потребен дополнителен кабел за тоа. Користењето на Nintendo Switch преку компјутер бара евтин уред за снимање видео поддржан од софтвер како што е OBS Studio.
Карактеристики:
- Може да се користи со Nintendo Switch (во режим на ТВ преку приклучна станица) или Windows 10.
- 18 приклучоци (3.5 mm) за сите типови прекинувачи.
- Два USB приклучоци за џојстици
- Дванаесет профили овозможуваат прилагодување на дејствата на прекинувачите со помош на апликацијата за компјутер
- Дополнителна апликација за Windows 10 овозможува Flex да се користи со уреди кои што го следат движењето на очите и главата (Tobii Eye-Tracker 4C или 5)
Компатибилни џојстици:
- Optima Joystick
- Horipad за Nintendo Switch
- Real Arcade Pro V Hayabusa за Nintendo Switch
- Battle Pad за Nintendo Switch
- Nintendo Switch HORIPAD Mini
- Flex Controller не може да се користи со Nintendo Switch Lite, ниту со Nintendo Switch во рачен режим.