Сензорна пештера

Сензорно-моторна просторија „во минијатура“

Овој систем произведен од AGE, српска компанија специјализирана за мултимедијална интерактивна технологијаод областа на класичното образование и инклузијата, претставува сензорно-моторна просторија „во минијатура“ – со сите својства на веќе видени големи системи, а со цена прилагодена на регионалните буџетски рамки.

Што содржи системот

Заоблена „пештера“

Заоблената контура на сетилниот комплекс наликува на пештера со распон од 2.5 m и висина од 1.25 m. Вертикалната страна на внатрешниот ѕид има воден ѕид со LED RGB светло и воздушни меури. Тепихот во пештерата вибрира синхронизирано со музика и звучни сигнали, што е овозможено со hi-fi делот и MP3/USB плеерот.
Заобленото ѕвездено небо (таванот на пештерата) е симулирано со УВ светлина и флуоресцентни бои на обоени ѕвезди. Завесата од светлечки влакна, на паралелната влезна страна, е од типот Side-glow со странични LED RGB светла долж конецот. Надворешната заоблена површина на пештерата е формирана од низа дабови форми на кратко растојание една од друга и, меѓу другото, се користи за моторни и вестибуларни вежби.

sensoryCave_03

Производи за сензорни третмани

Составен дел од испорачаната опрема со сензорната пештера се следните производи за сензорни третмани (производителот и добавувачот го задржуваат правото прикажаните производи да ги заменат со некои други кои што се функционално слични):

Тешко ќебе

Тешкото ќебе има полнење со аморфни природни камења кои се распоредени во 100 помали комори. Има димензии од 140cm x 140cm, а вкупната тежина може да се избере во опсег од 4kg до 7kg.

Дифузер на арома со сет есенцијални масла со различни мириси
Сет од 5 активни и пасивни масажери
Сет на фигури исполнети со гел
Флексибилна цевка за масажа со вибрации
Перница за врат за масажа со вибрации
Сет од музичко-звучни топки и визуелно-тактилни предмети

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.