Контролер (SimplyWorks CONTROL PRO)

15.831 ден

Овој контролер може да се користи со кој било Simply Works предавател за да ги контролира играчките и малите апарати на батерии преку стандарден приклучок од 3.5 mm. Со два независни канали и два кооперативни режими може да се користи истовремено и со жичен и со безжичен прекинувач.

Достапно по нарачка

SKU: MPAT0175 Категории ,

SimplyWorks Control Pro е контролер за една или две играчки на батерии и други нисконапонски апарати. Уредот има работен опсег од 10 метри (кога се користи со безжични прекинувачи) и ги има следните режими:

  • Директен – играчката се активира онолку долго колку што е притиснат прекинувачот
  • Заклучен – со едно притискање на прекинувачот се вклучува, а со повторно притискање се исклучува апаратот
  • Темпирани секунди
  • Темпирани минути
  • Кооперативен – двајца корисници соработуваат заедно за да се вклучи играчката/апаратот.
  • Вклучено / Исклучено – може или да се користи кооперативно (еден корисник ја презема одговорноста за „вклучување“, а другиот за „исклучување“) или може да се користи во одвојувањето на задачите за вклучување и исклучување за еден корисник со когнитивно оштетување.

Кога е избран темпиран излез, временскиот период се поставува со помош на низа од LED диоди. Темпираниот излез може да се откаже рано со притискање на копчето Pair 1 или Pair 2.
Уредот работи со 2 x AAA батерии и ќе работи многу месеци без потреба од нивна замена, а се исклучува автоматски по одреден период на неактивност.

Карактеристики:

  • Работи со кој било предавател SimplyWorks за контрола на играчки на батерии или други излезни уреди
  • Дозволува до три безжични и еден жичен прекинувач да се спарат со секој канал
  • Два излези за приклучок од 3.5 mm
  • Два независни канали
  • Работен опсег од 10 метри
  • Автоматски режим за заштеда на енергија – нема прекинувач за вклучување/исклучување – се исклучува автоматски по одреден период на некативност а се вклучува со притискање на било кое копче
  • Долго траење на батеријата
  • Изборни временски периоди во временски режими
  • Работи и со жичен и со безжичен прекинувач.

Овој производ работи со 2 x AAA батерии (не се вклучени)

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.