Алтернативно глувче (Orbitrack)

23.546 ден

Револуционерен уред, кој им овозможува на компјутерските корисници да ги контролираат и насоката и брзината на курсорот со еден, лесен допир.

Достапно по нарачка

Димензии: 22 cm × 14 cm × 5 cm
Тежина: 435g


Orbitrack претставува значителен напредок во компјутерската технологија и е погоден за корисници на компјутер со потешкотии со моторните вештини. За разлика од глувчето, трекболот или џојстикот, не е потребно движење на раката или зглобот и за разлика од подлогата за допир, курсорот не мора да се „води“ околу екранот со постојано движење на прстот. Ова го прави уредот совршен за корисници со состојби како што се мускулна дистрофија, болест на моторниот неврон, или каква било состојба што резултира со проблеми со силата на подлактицата.
Централната бела „точка“ во внатрешноста на прстенот за допир е потпирач за прст и кога се допира, не резултира со движење на курсорот. Меѓутоа, кога корисникот ќе го придвижи прстот на прстенот за допир, курсорот се движи во насока означена со положбата на прстот на прстенот. Движењето на курсорот ќе продолжи додека прстот не се отстрани или не се врати назад на централната бела точка.
Концентричните копчиња осетливи на допир се обезбедени за лев клик, десен клик, двоен клик и влечење, кои може да се исклучат во корист на надворешните прекинувачи преку приклучоците од 3.5 mm.
Orbitrack има и уникатна функција SmartTrack, која ја пресметува брзината на курсорот според минатите движења, т.е. ги „учи“ движењата и ја разработува оптималната брзина за корисникот.

Карактеристики:

  • Единствена технологија за контрола на курсорот
  • Голем прстен за контрола на курсорот од 5 cm за лесно ракување и прецизно насочување
  • Работа со мек допир (не е потребен притисок)
  • Ултра сигурен без подвижни/носени механички делови
  • Запечатен против навлегување течности или загадувачи
  • Ергономски дизајн со закосена основа за удобно позиционирање на зглобот
  • Голем потпирач за дланка/рака за удобно ракување
  • Лесни на допир, кодирани во боја копчиња (лев/десен клик, влечење и двоен клик)
  • Копчиња лесно достапни без потреба од движење на раката/рачниот зглоб
  • Симетричен дизајн овозможува користење со двете раце
  • Лесна инсталација, без драјвери

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.