Кутија со прекинувачи (Quester)

13.497 ден

Оваа жичана кутија со прекинувачи им овозможува на гејмерите различни режими за навигација во игрите.

Достапно по нарачка

Димензии: 13 cm x 6.5 cm x 2.4 cm
Тежина: 0.15 kg


Quester кутијата цо прекинувачи е едноставен USB-уред за играње компјутерски игри со помош на прекинувачи. Обезбедени се шест приклучоци од 3.5 mm, чии функции се поставуваат со избирање на едно од четирите нивоа. Нивоата 1-3 имаат фиксна функција, додека секој приклучок во Ниво 4 може да се програмира да биде кое било копче на тастатурата или кликнување на глувчето, плус некои специфични функции за играње, како што се W, A, S или D.
Седмиот приклучок е посветен на менување на нивоа за да може играчот да се движи помеѓу Нивоата без да бара помош. Алтернативно, ова може да се постигне со помош на копче на контролната табла на Quester кутијата.
Нивоата 1 и 2 се конфигурирани за навигација во опсег на игри, додека Нивото 3 овозможува избор на оружје или слични функции, во зависност од играта.
Нивото 4 може да се програмира користејќи едноставен и уникатен метод кој не бара софтвер да се вчита на компјутерот. Откако ќе се конфигурира секој приклучок на Ниво 4, поставките се зачувуваат во внатрешната меморија на Quester кутијата.

Карактеристики:

  • Специфично за да се обезбеди дополнителна пристапност и леснотија на користење, за играње на компјутерски игри – дава пристап до W, A, S и D и функциите на копчињата со стрелки како посебни прекинувачи.
  • Работи одлично со Quester џојстикот
  • Има три нивоа со фиксни функции и едно програмабилно ниво.
  • Програмабилното ниво 4 овозможува функцијата на секој приклучок да се постави на било кое копче, вклучувајќи ги копчињата за модификатори (Shift, Ctrl, Alt и Gui) или кој било клик на глувчето.
  • Овозможува директен пристап до лев клик и десен клик.
  • Има шест влезови со приклучок од 3.55 mm кои овозможуваат користење на кој било стил на прекинувач.
  • Има седми приклучок кој овозможува менување на нивоа
  • Лесна инсталација, без драјвери

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.