Иновативниот iControl овозможува безжично вклучување и исклучувањена играчките со батерии и другите уреди со напојување преку iPad, достапна од App Store.
Приклучената играчка/мал апарат што работи на батерии во iControl може да се контролира преку iPad на следните иновативни начини:
- Директно – играчката/апаратот се напојува онолку долго колку што корисникот го допира прекинувачот на екранот на iPad, што е одличен начин да се научат методите на причина и последица
- Заклучување – допрете еднаш за вклучување и повторно за исклучување
- Временски – Еден допир ја вклучува играчката за период одреден во апликацијата, од само 1 секунда до 250 минути.
- Соработка – Потребно е секој од двајцата корисници да допрат прекинувач за да се вклучи играчката – одлично за учење социјални вештини и кооперативна игра.
- Вклучено/Исклучено – Едниот прекинувач ја вклучува играчката, а другиот ја исклучува.
iControl има два приклучоци од 3.5 mm за поврзување на играчките или другите апарати. Апликацијата има многу функции за да ја направи околината за учење забавна и ефективна. Апликацијата може да се скенира и со помош на iOS Switch Control од корисници кои не можат да го користат екранот на допир.
Карактеристики:
- Два приклучоци од 3,5 мм за да се овозможи поврзување до две играчки или други уреди.
- Седум контролни режими достапни во апликацијата iClick. Четири режими обезбедуваат независна работа на прекинувачот; три обезбедуваат кооперативна контрола.
- Работа без пречки до растојание од 18.3 m.
- Апликацијата iClick е компатибилна со iOS Switch Control за корисници кои не можат да пристапат до екранот на допир.
- За користење на овој производ потребен е iPad 3, iPad Mini, iPad Air, iPad Pro или понова верзија.