Голем тајмер (TimeTimer) – 30.6 cm x 30.6 cm

6.111 ден

Голениот тајмер го прави времето опиплив концепт и помага да се следи поминатото време на предавања, состаноци или наставни секвенци.

Достапно по нарачка

Димензии: 30.6 cm x 30.6 cm x 4.3 cm


Ова е идеален тајмер за одбројување од 60 минути, за поединци или мали групи. Дури и оние кои не разбираат или сè уште не знаат да го читаат конвенционалниот часовник, секогаш можат да видат колку време преостанува (на пример, за да завршат одредена задача). Со магнетната позадина и вградените потпирачи е совршен за поставување во било кој простор.
Вклученa со тајмерот е една 7.6 cm x 7.6 cm пиши-бриши картичка која може да се вметне во горниот дел од тајмерот за запишување на визуелни распореди; а тајмерот може да собере до две такви картички.

Карактеристики:

  • Пиши-бриши картичка која се вклопува во отворот на врвот на тајмерот, а овозможува водење евиденција на задачи и помага да се оформи визуелен распоред
  • Подобрена структура за поголема издрживост и долготрајност
  • Проѕирна пластична заштита на црвениот диск
  • Магнет за закачување
  • Без гласно отчукување
  • Прекинувач за вклучување/исклучување за звучното предупредување

Овој производ работи со две (2) АА батерии (не се вклучени)

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.