Безжичен прекинувач (Switch2Scan)

16.877 ден

Switch2Scan е интерфејс кој обезбедува сеопфатено управуваање и пристап до сите функции на iPad – апликации, музика и медиуми, електронски книги и внесување податоци.

Достапно по нарачка

Димензии: 0.9 cm x 6.4 cm x 1.8 cm


Безжично поврзан со iPad преку блутут, Switch2Scan е едноставен за поставување и лесен за користење со програмабилни приклучоци за поврзување до 4 жичени прекинувачи.

Switch2Scan е претежно уред за пристап до iOS Voiceover и како таков е наменет за корисници со оштетен вид. Тоа му овозможува на корисникот целосен пристап за скенирање преку Voiceover.
Друга фантастична употреба на Switch2Scan е вртењето страници во iBooks. Уредот може да се конфигурира да постигне вистинско вртење на страницата со еден клик (и нанапред и на страница назад), што е можно само со помош на Switch Control во iOS. Всушност, ова е една од главните причини што корисниците купуваат Switch2Scan бидејќи ова овозможува скенирањето на корисничкиот интерфејс да биде многу поедноставено за голем број корисници.
Со притискање на QuickAccess копчето, прекинувачите автоматски се менуваат во space, enter, ~1 и ~3 без никакво влијание на поставките на прекинувачот, што овозможува брз и лесен пристап до префрлување приспособени апликации и iOS Switch Control, доколку е потребно. Ова му овозможува на Switch2Scan да се користи со Chromebook уреди или апликации приспособени на Android Switch, бидејќи некои од нив може да работат само со користење на space и enter.

Карактеристики:

  • Скенира со помош на Voiceover или Switch Control на iOS
  • Рачни и автоматски режими на скенирање, со четири опции за брзина на скенирање.
  • Скенирање напред и назад.
  • Скенирање на тастатурата на екранот.
  • Режим за брз пристап, кој може да биде одличен од користењето на Chromebook или Android.
  • Работи со кој било iOS уред
  • Едноставен пристап до режимот iBooks® со превртување на страници.
  • Вградено копче за покажување или сокривање на тастатурата на екранот.
  • Вградена литиум-јонска батерија што се полни преку USB кабел.
  • Се спарува директно со iPad® преку Bluetooth 2.1 без внесување на PIN-бројот и има работен опсег од 20 m.

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.