Копче што зборува (Smooth Talker)

19.817 ден

Копчето што зборува има 2 минути време за снимање, врвен дигитален квалитет на звук од двојни звучници и прекинувач свртен кон корисникот за лесно активирање.

Димензии: 22 cm x 18 cm
Време на снимање: 2 минути, 1 до 4 пораки на едно копче
Тежина: 460 g


Smooth Talker копчето што зборува е уникатно во обезбедувањето на режими за пораки по случаен избор, избор, аудитивно барање и разговор и е единствениот комуникатор со жично и целосно безжично поврзување.
За дополнителна мотивација, може да се прикачат до две играчки или апарати и да се додели порака за активирање на играчката/апаратот.

Овој уред е уникатен во обезбедувањето на различни режими за репродукција:

  • Случајно – пушта порака по случаен избор
  • Избор – за овој режим потребни се два прекинувачи, а се користи за да му овозможи на корисникот да изврши избор помеѓу две ставки или концепти. Вториот прекинувач може да биде жичен или безжичен
  • Разговор – уникатна карактеристика што го дефинира овој уред. Потребни се два прекинувачи и им овозможува на двајца корисници да водат двонасочен разговор
  • Аудитивно барање – овозможува користење на вториот прекинувач за да се избере порака со брзо пребарување низ сите снимени пораки со ниска јачина на звук. Избраната порака може да се репродуцира со користење на главниот прекинувач со нормална јачина на звук.

Карактеристики:

  • Снима единечни и последователни пораки.
  • Две минути време на снимање и репродукција.
  • Безжично активирање играчки со помош на контролери за играчки SimplyWorks.
  • Дигитален засилувач и двојни звучници за врвен квалитет на звукот.
  • Влезен приклучок за надворешен прекинувач
  • Излезен приклучок за надворешна контрола на играчки/апарат
  • Вграден држач за слики, симболи и пишани пораки
  • Голема (12.5 cm) област за активирање на прекинувачот
Боја

Црвена, Зелена, Сина, Жолта

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.