Копче што зборува со нивоа (Smooth Talker)

22.528 ден

Копчето што зборува со нивоа има 8 минути време за снимање, 5 нивоа и супериорен квалитет на звукот, вградена литиумска батерија што може да се полни, која ќе ви овозможи многу часови користење помеѓу и за време на полнењата.

Достапно по нарачка

Напредните функции за управување со меморијата во ова копче со нивоа ја распределуваат меморијата како што се користи, што значи дека овозможува различно време за снимање на секое ниво. Единственото ограничување е времето од 8 минути, кое што е распоредено низ петте нивоа. Така, на пример, на првото ниво може да се сними порака од 4 минути и по една минута на секое од другите нивоа, или која било друга комбинација што би ги исполнила тие 8 минути. Распределбата на меморијата се одвива автоматски без интервенција од страна на корисникот.

Овој уред е уникатен во обезбедувањето на различни режими за репродукција:

  • Секвенцијално – ги репродуцира пораките во низа, почнувајќи од првата порака
  • Случајно – пушта порака по случаен избор
  • Случајно (без повторување) – Нов режим кој по случаен избор ја репродуцира секоја порака точно еднаш пред да започне одново
  • Избор – за овој режим потребни се два прекинувачи, а се користи за да му овозможи на корисникот да изврши избор помеѓу две ставки или концепти. Вториот прекинувач може да биде жичен или безжичен
  • Прогресија на избор – овозможува избор помеѓу повеќе парови ставки или концепти, на пример избирање ставки од менито
  • Разговор – уникатна карактеристика што го дефинира овој уред. Потребни се два прекинувачи и им овозможува на двајца корисници да водат двонасочен разговор
  • Аудитивно барање – овозможува користење на вториот прекинувач за да се избере порака со брзо пребарување низ сите снимени пораки со ниска јачина на звук. Избраната порака може да се репродуцира со користење на главниот прекинувач со нормална јачина на звук.
  • Прашање/Одговор – овозможува снимање на пораките во парови П и О, а потоа овој режим овозможува прашањето и одговорот да се повторуваат повеќе пати

Излезот кон играчки/апарати може да се додаде на која било порака и може да се избере врз основа на порака додека се снима. Дополнително, овозможува и додавање на пораки на постоечките снимки без да треба да се избрише она што е претходно снимено.

Карактеристики:

  • Пет нивоа
  • 8 минути време за снимање и репродукција
  • Вградена литиумска батерија што се полни – се полни од USB приклучок. Може да се користи додека се полни
  • Осум режими на репродукција
  • Дигитален засилувач и двојни звучници за врвен квалитет на звукот.
  • Влезен приклучок за надворешен прекинувач
  • Излезен приклучок за надворешна контрола на играчки/апарат
  • Вграден држач за слики, симболи и пишани пораки
  • Голема (12.5 cm) област за активирање на прекинувачот

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.