Создаден од тим од искусни терапевти и врвни инженери, VoiceToys е идеален за рехабилитација со кохеларни импланти, говорно-слушна терапија, аудиологија, дефектологија од сите специјалности, подобрувајќи го аудитивното и визуелното внимание, вокализација, почетна артикулација и први вербални имитации.
Системот VoiceToys се состои од четири групи на уреди и мобилна апликација:
VibeY – еден вибротактилен уред кој реагира на интензитетот и висината на звукот со производство на благи светла во различни бои и нежни вибрации
SpaceY – 5 безжични звучници кои емитуваат звуци што терапевтот ги избира од саканата локација, а пациентите треба да погодат од каде доаѓа звукот
SpreadY – 5 мултифункционални безжично поврзани прачки, примарно наменети за визуелна репрезентација на распределбата на звук во просторот
JumpY – еден уред кој го прикажува нивото на звук или реагира на скокови и еден сензор за растојание