Кинетички песок

500 ден | 590 ден со ДДВ

Кинетичкиот песок е магичен материјал за обликување кој овозможува развој на фината моторика, координацијата и креативноста низ релаксирачка сензорна игра.

Внесете ја магијата на градењето песочни замоци директно во домот или училницата со овој кинетички песок. Овој иновативен материјал овозможува неповторливо сензорно искуство: кога го обликуваме, се однесува како материјал за моделирање, а кога го просејуваме и месиме, тогаш е најфиниот песок од најубавата песочна плажа! Изгледа како обичен песок, но на допир е потполно поинаков! Им помага на најмладите во развојот на сензомоторните вештини, но и на креативноста.

Кинетичкиот песок е достапен во палета од 6 бои: црвена, жолта, беж, зелена, сина и виолетова. Оваа разноликост им овозможува на децата да ги истражуваат боите, да ги мешаат и да создаваат шарени песочни скулптури.

Совршен е за употреба во градинки, училишни средини, Монтесори активности, сензорни соби, логопедски кабинети, како и за секојдневна игра дома.

Клучни придобивки:

  • Развој на фината моторика и координацијата: Обликувањето, сечењето, копањето и истиснувањето на песокот ги зајакнуваат малите мускули на шаките и прстите, подобрувајќи ја координацијата око-рака и фината моторика.
  • Сензорна регулација и смирувачки ефект: Специфичната релаксирачка текстура која се распаѓа со бавно движење нуди кадифена тактилна стимулација која овозможува опуштање, го намалува стресот, ја зголемува фокусираноста и помага при саморегулација кај деца со сензорни предизвици.
  • Поттикнување на имагинацијата и просторната свест: Градењето 3D објекти или фигури ги поттикнува децата на креативно изразување, логичко размислување и подобро разбирање на волуменот и просторот.
Боја

Беж, Црвена, Зелена, Сина, Жолта, Виолетова

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.