Без разлика дали уредувате катче во градинка, кабинет во училиште, професионален терапевтски центар или сензорно катче во вашиот дом, ние нудиме решенија прилагодени специјално за потребите на вашите корисници.
Што вклучува нашата услуга?
- Анализа и наоѓање оптимално решение: Вршиме детална евалуација на вашиот расположлив простор и предлагаме ефикасно решение.
- Индивидуален дизајн и планирање: Креираме концепт за распоредот на сензорните елементи (меурчести столбови, оптички влакна, акрилни огледала, меки полигони) со цел да обезбедиме максимална функционалност и правилен проток на децата низ собата.
- Припрема на просторот: Се грижиме просторијата да ги исполнува сите безбедносни и технички услови – од поставување на специјални меки татами подлоги за подот и заштитни облоги за ѕидовите, па сè до затемнување и адаптација на амбиентот.
- Професионална и сигурна монтажа: Нашиот тим ја врши комплетната инсталација на сите светлосни, тактилни и аудио-визуелни реквизити, гарантирајќи максимална стабилност, скриени кабли и апсолутна безбедност при секојдневното користење.
Создадете простор кој лекува, смирува и инспирира
Правилно дизајнираната сензорна соба има моќ драстично да ја намали анксиозноста, да го подобри фокусот и концентрацијата, да ја поттикне комуникацијата и да им помогне на децата во емоционалната саморегулација. Со комбинирање на врвна технологија и ергономски меки елементи, вашиот простор ќе стане омиленото место за напредок на секое дете.
Ние соработуваме директно со вас за да разбереме дали просторијата првенствено ќе се користи за придушување и смирување на хиперактивни состојби (пасивна сензорна соба) или за стимулација, движење и моторни вежби и го прилагодуваме дизајнот соодветно.








