happySenso_logoI

Уникатно мултисензорно искуство! Откријте го најигривиот начин да ги вклучите сите сетила!

Happy Senso е мултисензорна пена развиена во соработка со терапевти и едукатори, создадена да ја стимулира перцепцијата, моториката, концентрацијата и емоционалната регулација преку допир, звук, боја и мирис. Пената има уникатна текстура која пени и создава нежни звучни и визуелни ефекти – идеалена за сензорна интеграција, игра, терапија и креативна експресија.

Откријте ја целосната сила на мултисензорната стимулација со 12те различни варијанти на Happy Senso – совршена алатка за терапија, едукација и игра. Дизајнирана во соработка со терапевти, едукатори и дефектолози, оваа пена истовремено ги активира видот, слухот, допирот и мирисот, создавајќи богато искуство што ја промовира концентрацијата, моторната координација, саморегулацијата и креативноста.

Мириси што го активираат расположението

Различните мириси се достапни во двете серии на Happy Senso пената – Original и Artist. Тие не само што се пријатни, туку имаат и психолошки ефект врз расположението и вниманието:

  • Passion – сладок, благ мирис што поттикнува смиреност и концентрација.
  • Mint Fresh – благ мирис на нане со разладувачки и освежувачки ефект што ја зголемува будноста и фокусот.
  • Tropical – тропски летен мирис, свеж и сончев, за лесна и позитивна енергија.
  • Sweetness – сладок мирис, сличен на јагода, што создава чувство на удобност и сигурност.
  • Merry Berry – овошно сладок и ведар, создава чувство на радост и спонтаност.
  • А за оние чувствителни на мирис, Happy Senso ја има и Neutral варијантата – пена без мирис, идеална за комбинирање со другите варијанти.

Секоја пена може да се почувствува, чуе и види, а интензитетот се менува во зависност од начинот и количината на нанесување.

Бои што поттикнуваат фантазија

Секоја варијанта од Artist серијата доаѓа во живописна боја што внесува визуелна динамика во терапевтскиот процес:

  • Сина (Neutral Artist) – за смирување и фокус.
  • Портокалова (Passion Artist) – буди радост и креативен дух.
  • Зелена (Mint Fresh Artist) – асоцира на свежина и рамнотежа.
  • Жолта (Tropical Artist) – носи топлина и ведрина.
  • Розова (Sweetness Artist) – поттикнува енергија и изразување.
  • Виолетова (Merry Berry Artist) – додава игривост и позитивна енергија.

Со комбинирање на боите се постигнува визуелно-естетско и емоционално богато искуство, што е особено ефективно во групна работа со деца.

Употреба и примери од пракса

Happy Senso е лесен за употреба и прилагодлив за различни средини:

  • Во домот: За игра, смирување пред спиење или стимулација на сетилата
  • Во училишта и градинки: Помага за подобрување на концентрацијата, координацијата и сензорната свесност преку забавна активност.
  • Во терапевтски простории: Кај деца и возрасни со потреби од сензорна интеграција, аутистичен спектар, хиперактивност или анксиозност.
  • Во клиники и болници: Помага за создавање смирувачко, предвидливо опкружување
  • Во групни активности и уметнички програми: Поттикнува креативност и социјална интеракција.

Купете ги Happy Senso сетовите!

Original или Artist? Со овие сетови добивате комплетна сензорна палета – звук, допир, боја и мирис кои заедно создаваат искуство што смирува, стимулира и инспирира.

Купете ги Happy Senso пените одделно!

Поставки за колачиња (cookies)​

Неопходни колачиња (Necessary cookies) – секогаш активни

Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно.

Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме неопходни колачиња. За повеќе информации прочитајте ја политиката за колачиња или политиката за приватност.